Според што се разликува козјото од кравјото млеко и кој треба да го пие

Точка

20/09/2024

11:16

6.211

Големина на фонт

а а а

Козјото млеко не е богато само со протеини и масти, туку и со пробиотици, благодарение на кои, козјото млеко може да ја намали подуеноста и болките во стомакот. Нутриционистот Мариа Сирош, потенцира дека козјото млеко има противвоспалителни својства, па поради тоа им се препорачува на оние лица коишто страдаат од воспалителни болести како што е артритисот, астмата или алергиите.


Од друга страна козјото млеко се разликува од кравјото според неколку важни карактеристики, како во поглед на составот така и според влијанието врз здравјето.

Прво, козјото млеко е полесно за дигестија од кравјото, а исто така содржи повеќе масни киселини како што се капронската и каприлна коишто побрзо се апсорбираат и користат како енергија.

Козјото млеко содржи помало количество на казеин од типот „alfa – S1“, којшто е одговорен за предизвикување на алергиски реакции кај некои луѓе, па поради тоа козјото млеко е посоодветно за лицата коишто се чувствителни на кравјото млеко. Покрај тоа што и двата вида млеко содржат лактоза, козјото млеко е полесно за дигестија поради пониското ниво на лактоза, па поради тоа претставува подобар избор за лицата со нетолерантност на лактозата.


Исто така козјото млеко содржи повеќе калциум, фосфор, калиум во споредба со кравјото млеко, а содржи и поголемо количество на витамин А, што придонесува кон подобра апсорпција на хранливите материи како и кон поздрава кожа. Но, од друга страна, кравјото млеко содржи повеќе витамин Б12 и фолни киселини, така што е важно за оние лица на коишто им се потребни овие микронутриенти.

Меѓутоа, козјото млеко има посилен, карактеристичен вкус којшто не е пријатен за секој човек, но сепак, нутриционистот вели дека заклучокот е јасен: „Доколку можете да направите избор за тоа кое млеко ќе консумирате, тогаш предноста дадете му ја на козјото млеко“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг