Научниците откриле протеин од отпорни бактерии кој би можел да ја револуционизира поправката на оштетената ДНК, нудејќи потенцијални откритија во лекувањето на ракот и генетскиот инженеринг.
Научниците идентификувале протеин кој може директно да го сопре оштетувањето на ДНК, со ветувачки потенцијал за развој на вакцина против рак. Станува збор за протеин наречен „ddrc“ (протеинот одговара на оштетувањето на ДНК Ц) и кој е откриен во „Deinococcus radiodurans“, бактерија познаа по својата отпорност. Ddrc ефективно открива оштетување во ДНК, го сопира и започнува процес на поправка, а сето тоа без потреба за помош од други протеини.
Научниците од Универзитетот Вестерн во Канада покажале дека генот „ddrc“ може да се пренесе на други организми за да се подобрат системите за поправка на ДНК. Внесен во бактеријата Е. коли, ја направил таа бактерија повеќе од 40 пати поотпорна на оштетувањата од УВ зрачење, според биохемичарот Роберт Сжабла, главен автор на истражувањето кое е објавено во списанието „Nucleic Acids Research“.
Изгледа дека ова е редок пример каде имате еден протеин и каде тој е како самостојна машина, истакнал тој.
Оштетувањето на ДНК, ако не се контролира, може да доведе до разни болести, вклучувајќи и рак. УВ зрачењето, на пример, може да ги оштети ДНК клетките на кожата, зголемувајќи го ризикот од рак на кожата. Спречување или поништување на таквата штета има потенцијал за спасување на живот.
Способноста за преуредување, уредување и манипулирање со ДНК на специфични начини е Свет грал во биотехнологијата, вели Сжабла, истакнувајќи го значењето на новото откритие.
Логичен избор
Бактеријата Deinococcus radiodurans била логичен избор за истражување на ваквиот алат, со оглед на нејзината способност да преживее екстремни нивоа на зрачење, кои се над тоа што би ги убило човечките клетки. Издржала и тешки услови на Меѓународната вселенска станица и окружение слично на Марс. Ddrc игра клучна улога во таа отпорност.
Кај човечките клетки, ако постојат повеќе од два прекини во геномот од милијарда парови бази, тие не можат да се поправат сами и умираат. Но, во случајот со „ddrc“, овој единствен протеин и помага на клетката да поправи стотина скршени фрагменти на ДНК во кохерентниот геном, објаснува Сжабла.
Користејќи X зраци научниците ја проучувале 3Д структурата на „ddrc“ и нејзиниот механизам. Протеинот ја скенира ДНК во потрага по лезии, се врзува со пукнатини и се спојува со ДНК, сигнализирајќи им на клеточните механизми за поправка да ја поправат штетата.
Тоа откритие би можело да го револуционизира генетскиот инженеринг, „поплочувајќи“ го патот до вакцина против рак, но и посеви отпорни на климатските промени. Научниците планираат да го продолжат истражувањето и да откријат што тој протеин може да поправи.