Поради глупост на гол линијата, на Јунајтед му беше поништен гол

Точка

24/08/2024

19:52

2.792

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед играа против Брајтон во второто коло од Премиер лигата. Домаќините поведоа во 32. минута со голот на Велбек, а по пет минути игра во вториот дел Диало го израмни резултатот.

Од тој момент играчите на Тен Хаг почнаа да бидат уште поофанзивни, а во 70. минута успеаја да постигнат втор гол, кој подоцна беше поништен.

Имено, Јунајтед изведе одличен напад, топката стигна до Гарначо кој шутираше, но го погоди Зиркзе, кој беше во офсајд.

Оваа ситуација можете да ја видите во приложеното видео:



Спонзорирани линкови

Маркетинг