Ла Лига го објави „селери-кепот“ на сите клубови: Тој на Реал е „застрашувачки“

Точка

12/09/2024

22:46

3.293

Големина на фонт

а а а

Шпанската лига денеска ја објави максималната сума на пари што секој клуб, во првата и втората лига, може да ги потроши на засилувања во согласност со финансиските прописи на натпреварувањето.

Ова е всушност границата што секој клуб, освен во нови играчи, може да инвестира во тренери, нови членови на стручниот штаб, во вториот тим, во јуниорскиот тим и други инвестиции.

Во таа сума се вклучени трошоците за плата, бонуси, трошоци за набавка (провизија за агенти) и социјално осигурување. Горната граница на буџетот се пресметува врз основа на приходите (тв права, влезници и сл.) на клубовите во однос на отплата на долгот во текот на сезоната.


Секој клуб создава свој максимален буџет врз основа на пресметката, но мора да ги почитува прописите за финансиска контрола на Ла Лига. Овој принцип на бизнис функционира во НБА веќе подолго време.

Очекувано, клубот кој има најголема финансиска можност за трошење е Реал Мадрид со импресивни 756.890.000 евра.

Зад Реал е Барселона, всушност е далеку зад најголемиот ривал, со 426.427.000 евра кои може да ги вложи во засилување на својот кадар. Финансиската моќ на Каталонците е зголемена во однос на претходната година, но клубот е во опасност да ги загуби правата на засилувањата кои веќе ги донесе летово, бидејќи е утврдено дека долговите во моментов ги надминуваат приходите.


Барселона ќе мора да продаде играч во пропишаниот рок или на друг начин да излезе со пари за да ги покрие долговите и да избегне санкции.

На третото место е Атлетико Мадрид со 310.745.000 евра на располагање за трошење. Севиља е во најлоша ситуација од клубовите од Примера, а доказ за тоа е тоа што моментално може да потроши само 2,5 милиони евра на засилувања.


На пример, минатата сезона Андалузијците имаа 152 милиони евра пари за засилувања.

Клубот дојде во ваква ситуација најмногу поради фактот што не успеа да го избори европското натпреварување за оваа сезона.




Спонзорирани линкови

Маркетинг