Таблоидите на Босна и Херцеговина деновиве следат доста драма во семејството на сега веќе поранешниот фудбалски репрезентативец Анел Ахмедхоџиќ, кој на 25 години реши да ја напушти репрезентацијата на БиХ поради семејни несогласувања.
Анел тврди дека неговиот татко Мирсад е виновен за сите проблеми со кои моментално се соочува и на професионален и приватен план, додека неговиот татко ја обвинува сопругата на Анел, Црногорката Маријана Мишиќ, која поради фудбалерот ја променила верата и преминала во ислам.
Се започна со изјавите на таткото.
„Тоа веќе не е мој син, повеќе не го сметам за мој син. Сакам да биде добар. Најдобар. Водев цела војна, бев ранет три пати. Сакав мојот син да игра за земјата што ја создадов со мојата крв, но го свртеа лоши луѓе кои мислат само на своите интереси“, изјави Мирсад во неодамнешното интервју за "N1".
Тој ја обвини и снаата дека го изневерува син му и дека имаат дете кое не е негово, па дури и го советувал на ДНК анализа. Не ја поштеди ниту мајката на Маријана.
„Таа нејзината мајка, не знам што му направија, но планираа да не отстранат нас родителите. И успеаја да го направат тоа за Нова година. Нејзината мајка и таа отидоа во Дубаи да се забавуваат, а го оставија детето дома, имаше натпревари и тој период отсуствуваше, наводно со лесна повреда“, рече тој и додаде дека неговиот син бил одличен на теренот кога не бил со сопругата. Штом дојде таа, тој почнал да паѓа“, тврди таткото.
„Единственото нешто што некој сака како син од својот татко е поддршка и гордост. За жал, јас добив многу малку од тоа. Она што најчесто го добивав беше манипулација, лаги, измами и речиси секојдневно малтретирање. Тоа е типот на маж кој ја покажува својата моќ над жените, но тој никогаш немал храброст да му се спротивстави на друг маж“, напишал Анел во јавното писмо и додал дека неговиот татко „не е маж“.
„Имаше многу прилики кога јавно ме навредуваше мене и мојата сопруга, што го прави само за да ме налути и да добие реакција од мене. Без да открива премногу, му биле понудени пари и куќа во Италија ако ме убеди да се вклучам во агенција која прави матни бизниси и сè што е под маса, јас никогаш не би учествувал во такво нешто“, продолжи Анел.
„Да се каже дека жена ми фрли црна магија врз мене е многу навредливо за мене, а особено за мојата сопруга, бидејќи е одлична. Многу е тешко да се најде жена која ќе се грижи за тебе како таа и јас сум многу среќен дека мојот син има толку неверојатна мајка, а потоа да се каже дека не ме пушта на натпреварите на репрезентацијата, тоа е само смешно и само го покажува нивото на интелигенција.
„Има многу сопруги на фудбалери кои не се грижат за кариерата на нивните сопрузи, но таа никогаш не пропушти натпревар, дури и кога беше бремена во деветтиот месец, дојде на мојот натпревар само неколку дена пред да го роди мојот син. Таа е мојот најголем поддржувач и да се каже дека нема да ме пушти е глупаво, но што можеш да очекуваш од нарцис?, додаде тој и заклучи дека „целата земја правела заговор против него, неговата сопруга и синот“.
Ахмедхоџиќ има и шведски пасош. Роден е во Малме. Во својата кариера играше за Нотингем Форест, Малме, Хобро ИК и Бордо, а според Трансфермаркт вреди 18 милиони евра. Ова го прави трет најскап играч во Босна и Херцеговина. Најскап е Емердин Демировиќ (26). Напаѓачот на Штутгарт вреди 28 милиони евра. Вториот е дефанзивецот на Салцбург, Амар Дедиќ (22), кој вреди 20 милиони евра.