Украинскиот голман препливал една од најголемите реки во Европа за да ја избегне војната

Точка

12/09/2024

16:16

2.830

Големина на фонт

а а а

Украинскиот портал "Спорт Експрес" објави неверојатна приказна за Денис Шеликов, 35-годишен голман кој решил да ја преплива Тиса, една од најголемите реки во Европа, за да избега од земјата разурната од војна.

Шеликов допливал до Унгарија и малку подоцна потпишал за белоруската Славија Мозир, тамошен прволигаш.

Да потсетиме, од почетокот на војната во Украина, на мажите на возраст меѓу 18 и 60 години им беше забрането да ја напуштаат земјата, но илјадници од нив успеаја да побегнат и покрај тоа.


Шеликов бегството го подготвувал два месеци, доаѓајќи до реката каде вежбал пливање со помош на пераи, пишува Index.hr.

Шеликов е поранешен младински репрезентативец на Украина, а последен клуб во татковината му беше Викторија од Суми. Најголем клуб за кој играл во кариерата е Днипро. "Спорт Експрес" успеал да стапи во контакт со Шеликов, кој им рекол:

„Кој сте вие, обвинители, да ми поставувате такви прашања? Прашајте ја граничната контрола. Да не си ми поставил такви прашања, разбираш? Ти не си никој да ми поставуваш такви прашања.