Јокиќ на соиграчите им подари Ролекс

Макфакс

24/08/2024

14:01

7.359

Големина на фонт

а а а

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ ги почести соиграчите од репрезентацијата по освојувањето на бронзениот олимписки медал во Париз. Кошаркарите на Србија ја победија Германија во битката за третото место, а центарот на Деневра за тој успех им подари часовник на своите пријатели од репрезентацијата.

Како што објави Блиц, се работи за Ролекс чија вредност е околу 32.500 долари, а за овие подароци трикратниот МВП на НБА искеширал вкупно 357.500 американски банкноти.

Јокиќ сега ја чека новата НБА сезона која започнува во вторник на 22 октомври. Денвер и Јокиќ ќе бидат домаќини на Оклахома Сити Тандер во првиот натпревар од новата сезона на 25 октомври, регуларниот дел ќе заврши на 13 април.

Два дена подоцна ќе започнат натпреварите од плеј-офот кои ќе завршат на 18-ти, додека плеј-офот ќе започне на 19-ти април.



Спонзорирани линкови

Маркетинг