Фино друштво се собра на езеро: Поранешниот фудбалер на Барселона е најновата аквизиција на Фабрегас!

Точка

23/08/2024

21:33

3.061

Големина на фонт

а а а

Комо до оваа година беше познат по прекрасното езеро во близина на границата на Италија и Швајцарија. Сепак, со доаѓањето на Сеск Фабрегас, перцепцијата за овој град полека се менува, а сега се почеста е поврзаноста на новајлиите во Серија А со оваа дестинација.

Сеск Фабрегас, младиот тренер кој го воведе Комо на највисокото ниво на италијанскиот фудбал, реши да го засили играчкиот кадар за да го направи клубот конкурентен на најдобрите тимови. За таа цел донесе неколку играчи со кои некогаш играше, како Рафаел Варан, Андреа Белоти, Пепе Реина и Алберто Морено. Најновото засилување е Серхи Роберто, до неодамна капитенот на Барселона.


32-годишниот играч од средниот ред, кој помина 11 години во првиот тим на Барселона каде што израсна, потпиша двегодишен договор со Комо. На крајот од договорот со Барселона, Роберто премина во тимот на Комо, откако не беше во плановите на новиот тренер Ханси Флик.


Роберто со Барселона освои седум титули во шпанската лига, две ЛШ и шест трофеи во Копа дел Реј, а неговото доаѓање претставува нов бран во тимот на Комо. Се очекува неговото искуство и вештини да придонесат за зајакнување на тимот и постигнување нови спортски успеси. Во првото коло од италијанската Серија А, Комо беше поразен од Јувентус со 3:0, но Фабрегас собира добро друштво на езерото, па сигурно ќе видиме повеќе од интересна сезона.




Спонзорирани линкови

Маркетинг