[ФОТО] 35-те години разлика како да не беа доволни, па пронајде уште помлад: Кое е новото момче на светската поп-икона?

Точка

15/08/2024

15:47

3.369

Големина на фонт

а а а

Големите светски ѕвезди можат многу да си дозволат, а Мадона е жена која баш и не познава граници. Таа беше мета на критики многупати досега, а последен пат тоа се случи кога откри дека е во врска со маж кој е 35 години помлад од неа.

Љубовта не траеше долго, но таа не жали поради тоа бидејќи набрзо најде ново момче и погодете - тој е уште помлад од претходниот.

Овој пат разликата во години е 38, а се чини дека токму тоа е она што ја возбудува оваа голема поп-ѕвезда.


Како што пренесуваат странските медиуми, станува збор за Аким Морис, момче од Јамајка кое моментално живее во Њујорк. Во младоста бил успешен фудбалер, но сепак одлучил да го стави фудбалот во втор план и да се посвети на образованието. Тој дипломирал политички науки на Универзитетот Стони Брук.

Мадона и Аким се познаваат веќе некое време време, а неодамна папараците ги фотографираа во Портофино, Италија. Двајцата го поминале Денот на независноста заедно, по што Мадона објави нивни заеднички фотографии и со тоа ја обелодени новата романса.




Спонзорирани линкови

Маркетинг