Новак Ѓоковиќ снимен е во Дубровник каде што е на одмор со пријателите и семејството.
Српскиот тенисер, златниот олимпиец, снимен е додека се качувал на брод, а еден маж во негова придружба не беше среќен кога го виде фотографот.
Тој се обидуваше да го избрка фотографот и со прстот му кажуваше да не фотографира, додека Ѓоковиќ само ноншалантно се сврте.
Вториот маж во придружба на Новак, на фотографот му покажа среден прст.
Со Ѓоковиќ беа и децата.
Ѓоковиќ во Дубровник пристигна веднаш по Олимписките игри, но таму беше и пред неколку месеци. Тогаш тој се забавуваше во клубот каде настапуваше Северина. Во еден момент тој се качи на бината, а публиката почна да го скандира неговото име: „Ноле, Ноле“, додека Северина ги поттикнуваше да танцуваат и потоа му се поклони на Ѓоковиќ кога тој се симнуваше од бината.
Потсетуваме Новак Ѓоковиќ освои злато на ОИ во Париз, а веднаш по победата тој се стрча кон трибините и го прегрна семејството, потоа тој го зема знамето на Србија и заплака. Ѓоковиќ многу емотивно го доживеа освојувањето на медалот, а по славењето кажа: „Веднаш отидов да ги прегрнам сите нив, пресреќен сум што освоив злато за Србија, ова е можеби мојот најголем спортски успех во животот“.