Премиерлигашот Арсенал не се расфрла со многу пари во овој летен преоден рок, односно внимателно ги бира потезите, засилувањата кои ќе имаат задача да донесат нова енергија и го однесат клубот на ниво повисоко, поточно да освојува титули.
Арсенал го обезбеди потписот на италијанскиот репрезентативец Рикардо Калафиори кој пристигна од Болоња, играч кој вчера го имаше дебито во новата средина и тоа против Лион, средба која фаворитот ја доби со рутински 2-0.
- Тој носи многу разновидност бидејќи може да игра на две или три различни позиции, а особено во нападот, може да зазема различни простори бидејќи е вистински дефанзивец.
- Кога ќе го видите неговото присуство, неговата физичка способност, како оди на дуелите, тој е неверојатен. Очигледно направи многу минатата година и мислам дека е играч кој може да не подобри. Ние го водиме, ова се многу нови работи за него. Тоа е голем чекор напред, но тој е толку подготвен како што можете да видите, за 20-те минути што ги одигра, тој е толку енергичен, толку страстен, навистина интелигентен играч, - истакна менаџерот Микел Артета.
Клубот од северен Лондон новата сезона во ПЛ ќе ја отвори со домашен меч против Вулверхемптон.