[ВИДЕО] Брејкденсерка од ОИ е хит на интернет: „Кога ќе помислите дека досега сте виделе сè“

Точка

11/08/2024

11:31

6.069

Големина на фонт

а а а

На Олимписките игри во Париз се натпреваруваа и брејкденсери.

Брејкденсот како спорт на Олимписките игри дебитираше на 9–ти август во категоријата девојки, а многу гледачи коментираа на социјалните мрежи дека тоа нема смисла. Некои сметаат дека брејкденсот не може да се смета за спорт. „Какви глупости се ова?“, „Се надеваме дека нема да го гледаме ова во 2028 година“, „Ова е ужас“, „Деца танцуваат и тоа е спорт?“, „Ова не е спорт“, се некои од коментарите.

Австралијката привлече големо внимание

Без разлика на негативните реакции, една брејкденсерка сепак успеа да привлече внимание. Станува збор за австралиската претставничка под уметничкото име Raygun, чиј настап изгледал како рекреација и обид за некои вежби - барем така го опишаа гледачите.

Но, изгледа дека нејзиниот настап многу ги насмеа, а не требаше многу време за да се појават мемиња на „X“.

„Поради неа сите мислат дека можат да се појават на Олимписките игри“, „Кога мислите дека сте виделе сè досега, се појавува 36-годишна Австралијка“, „Ова е пресмешно“, се нижат коментарите.

Инаку, Raygun е професорка, пишува „NBC“. Таа докторирала културолошки студии и предавања за брејкинг, хип-хоп култура и родови студии поврзани со овие специфични танци.

Претставничката на Јапонија го освои златниот медал

Инаку, златниот медал во брејкденс го освои претставничката на Јапонија Ами Јуаса, среброто го освои претставничката на Литванија NICKA, а бронзата претставничката на Кина под прекарот 671.

Овие три девојки влегоа во историјата на Олимписките игри како освојувачи на првите медали во брејкденс.

Брејкденс е специфичен стил на танцување кој се развил во доцните 1970-ти во Бронкс и Харлем како еден од елементите на хип-хоп културата. Брејкденсерите се нарекуваат b-boys или b-girls. Движењата во брејкденсот се изведуваат во стоечка положба и на подот, а токму движењата на подот се и најатрактивни и најтешки.