Се запали куќата на Марк Ентони, која се наоѓа во Доминиканската Република, пишува „Пејџ сикс“. Веќе се појавија видеа на социјалните мрежи, а на нив може да се забележи големиот пожар на имотот во комплексот Каса де Кампо.
Според пишувањата на странските медиуми, пожарот бил на левата страна на имотот, поточно изгореле бунгаловите наменети за гости. Главната куќа, во која Марк престојува и летува со своето семејство, остана недопрена.
На видеата се гледа и како пожарникарите се борат со огнот, а на крајот успеваат да го изгаснат. Причината за пожарот сè уште не е позната.
Se incendia Villa de @MarcAnthony en La Romana Casa De Campo investigamos para mas detalles pic.twitter.com/zxB744hSEd
— Giovanni Medina (@Giovann49715467) August 8, 2024
Durante la mañana de este jueves se produjo un incendio en la villa del cantante puertorriqueño Marc Anthony ubicada en el complejo turístico Casa de Campo, en La Romana.
— Noticias Telemicro (@NTelemicro5) August 9, 2024
Hasta el momento el artista no se ha referido al respecto y se desconoce la causa del fuego. #Incendio… pic.twitter.com/az3M1TKZyB
Претставник на музичарот изјави дека тој, неговата сопруга Надија Фереира и нивниот син Марко не биле во комплексот во моментот на пожарот. Тој додаде дека никој од персоналот не е повреден.