[ФОТО] Каде се наоѓа станот на Новак Ѓоковиќ во Белград: Ова е една од најелитните населби

Точка

08/08/2024

15:06

6.798

Големина на фонт

а а а

Се работи за пентхаус со тераса и базен кои се со површина од 100 квадратни метри.

Новак Ѓоковиќ е сопственик на многу недвижности низ целиот свет. Почнувајќи од родниот Белград до Монте Карло, Мајами, ЊуЈорк и Марбеља, оваа тениска ѕвезда има свои домови на неколку континенти.

Со оглед на неговите неверојатни, меѓународни достигнувања, не е изненадувачки тоа што Ѓоковиќ значаен дел од своето богатство го вложил во луксузни недвижности низ целиот свет.

Меѓутоа Јелена и Новак Ѓоковиќ имаат и еден стан во Белград, во елитната населба „West 65“.

Се работи за пентхаус со вкупна повржина од 250 квадратни метри, којшто Новак го платил околу 545.000 евра. Посебен детаљ е тоа што станот има тераса со базен од 100 квадратни метри.

Овој луксузен стан се состои од три соби, голема дневна соба, три бањи и два гардеробери и неколку кујни.

Инаку концептот на станови „West 65“ предвидува дневната и ноќната зона да бидат поделени. Кон чувството на отвореност и просторност во дневната соба придонесува висината на плафонот која изнесува 3,12 метри. Преку употребата на врвни природни материјали и палетата на бои архитектите и дизајнерите ја постигнаа елеганцијата и топлината на амбиентот.

Се зборуваше дека Новак сакал да го продаде овој стан поради кулата која била изграде спроти станот, но Јелена не го подржала во тоа, а истовремено се зборувало дека купил уште еден стан на 40ти кат во истата зграда. Меѓутоа ниту една од овие информации фамилијата Ѓоковиќ не ја потврдила.

Во просек цената на еден квадратен метар во „West 65“ моментално се движи од 4.600 евра па нагоре.