Преубавата олимписка шампионка има 42 години, а вели дека е невина: Мажите полудуваат за неа, а таа се „чува“ за вистинскиот и побожен маж

Точка

07/08/2024

21:57

7.808

Големина на фонт

а а а

Лоло Џонс, една од најубавите но и најпознатите американски спортистки вчера завчера наполни 42 години, а има тело и убавина на којашто можат да ѝ позавидат дупло помлади девојки. Оваа дама популарноста ја должи не само на успесите во светот на атлетиката туку и на својата помалку контроверзна личност и нејзината несекојдневна одлука до бракот да нема интимни односи.

Ова признание своевремено ја шокираше американската јавност а и покрај тоа што оттогаш поминаа неколку години ситуацијата и понатаму не се сменила, Лоло е сè уште „невина“.


Оваа трикратна олимписка шампионка има особено атрактивен изглед а често пати својот сексипил го истакнува на социјалните мрежи.

„Се обидував да бидам во врска со луѓе од различни општествени сфери, дури и со колеги – атлетичари, но сето тоа секогаш завршуваше со раскинување и со моето скршено срце. „Се решив да имам односи тогаш кога ќе стапам во брак, но никако не можам да го пронајдам вистинскиот маж“, изјави атлетичарката пред неколку години.


Лоло исто така изјави дека јавното признавање на овој факт било грешка и дека ги „убило сите нејзини излегувања со мажи“ како и да веќе немала шанси. Со оглед на тоа дека Лоло е прилично отворена, таа на инстаграм сподели дека и е скршено срцето и дека осум месеци залудно се допишувала и комуницирала со човек кој ѝ испраќал мешовити сигнали. „Во еден момент ми зборуваше дека сака брак и деца со мене, а потоа продолжуваше да ме држи во пријателска зона. Тешко ми е, исцрпена сум од состаноци“, се пожали таа на публиката.


„Секогаш се молам на Господ да ми испрати побожен човек. Со години се молев во солзи да најдам сопруг. Дури се молев Господ таа желба да ја тргне од моето срце, ако не ми е судено да се омажам. Но како што поминуваат годините, така сè посилно сакам да имам маж и деца, мое сопствено семејство. Но срцето постојано ми е скршено. Често ме задеваат поради мојата одлука да немам секс пред брак. Мажите ми испраќаат пораки дека сум стара и дека треба да завршам со ова. Тогаш почнувам со липање – каде си Боже“, изјави Лоло.

Убавата спортистка им порача на другите „девици“ дека ова е најтешката работа која ја направила во својот живот.

„Потешко е отколку тренирањето за олимписки игри. Потешко беше да останеш „невина“ пред бракот отколку да завршиш факултет. Бев во искушение, имав многу шанси“, кажа Лоло.