[ВИДЕО] Интер понижен во Минхен, ПСЖ со стил до прва титула во ЛШ

Дерби

31/05/2025

23:26

2.153

Големина на фонт

а а а

Пари Сен Жермен е новиот европски клупски шампион, екипа која во следнава година ќе биде на тронот во Лигата на шампионите.

Клубот од Франција го прегази Интер во вечерашното финале во Минхен и со тоа испиша историја затоа што за нив ова е прва титула во елитната конкуренција.

Иако сите фудбалски фанови очекуваа спектакл, истиот изостана затоа што за тоа се потребни две екипи што во случајов ги немаше затоа што „светците“ доминираа и го разбија калчолигашот со 5-0. Избраниците на Луис Енрике знаеја што сакаат од првата до последната минута и сосема заслужено дојдоа до триумф со кој ја заокружија перфектната кампања.

Хакими и Дуе погодија во првиот дел, Дуе во вториот дел уште еднаш се запиша во листата на стрелци, а мрежата за Зомер ја затресоа уште Кварацхелија и Мајулу.