Според Германците ова се десетте најопасни ЕУ земји за возачите

Точка

31/07/2024

11:13

14.983

Големина на фонт

а а а

Европските автопатишта во 2023 година имаат одземено повеќе од 20.000 животи, оваа бројка е еквивалент на еден помал град, и значи 47 сообраќајни незгоди на еден милион жители. Меѓутоа додека некои држави како што се Германија и Шведска бележат ниска стапка на несреќи, ризикот од смртоносни сообраќајни незгоди во другите европски земји значајно е поголем.

Држави со помалa бројка на незгоди

Германија и Шведска се сметаат за најбезбедни земји во ЕУ. Во Германија минатата година имаше 34 жртви во сообраќајни несреќи додека Шведска е уште побезбедна со 22 жртви.

Држави со поголем број несреќи

Во јужниот и источниот дел од Европа ризикот е многу повисок. Во Словачка и Унгарија бројот на жртви во сообраќајни несреќи изнесува околу 50 на еден милион жители, што ги вбројува помеѓу десетте најнесигурни регии. Најопасни држави за возачите во ЕУ се Бугарија и Романија.


Десет држави со највисока стапка на несреќи:

Бугарија (82) жртви во сообраќајни несреќи на еден милион жители во 2023 година)

Романија (81)

Латвија (76)

Хрватска (71)

Португалија (61)

Грција (60)

Литванија (56)

Италија (52)

Полска (52)

Словачка (52)


Планот на Европската унија за безбедни патишта

ЕУ има зацртано амбициозна цел: до 2050 година никој повеќе да не го изгуби својот живот во сообраќајни незгоди. Овој план се нарекува „Визија нула“. Германците пишуваат дека планот веќе остварува резултати: па така ако во 2001 година на европските патишта загинаа повеќе од 51.000 луѓе, 20 години подоцна таа бројка е намалена за речиси 75%.

Но во текот на последните години ова намалување е забавено. Во 2021 година бројката на сообраќајни незгоди се зголеми за дури шест проценти. Затоа Европската унија планира нови мерки за намалување на бројот на несреќи. Тоа вклучува нови ограничувања на брзината на возење (30км/h во станбени зони), нулта толеранција спрема возењето во алкохолизирана состојба и систематизирано асистирање на возачите. Имено 95% од сите сообраќајни незгоди се резултат на човечки грешки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг