Нашето тело има потреба од низа различни витамини и минерали за да напредува, вклучувајќи ги различните Б витамини а од сите нив витаминот Б12 е можеби најпопуларен.
Што е всушност витаминот Б12 и дали треба да се зема секој ден?
Суплементите Б12 најчесто се препорачуваат за да ја зголемат вашата енергија и да го подобрат вашето расположение но овој витамин има многу важна улога во човечкото тело. Тоа е витамин неопходен за производство на здрави црвени крвни зрнца, го поддржува функционирањето на нервите и мозокот и создавањето на ДНК, генетскиот материјал содржан во сите телесни клетки.
Додека повеќето луѓе внесуваат доволно витамин Б12 преку консумирање различни видови храна, земањето суплементи за превенирање на недостаток од овој витамин нема да предизвика штета. Исто така за одредена популација може да биде и корисно да зема суплементи од витаминот Б12, како што се луѓето кои практикуваат веганска или вегетаријанска исхрана или имаат состојби кои предизвикуваат малапсорпција на Б12. Понатаму истражувањата покажуваат дека витаминот Б12 има неколку значајни улоги во нашето здравје.
Тие се следните: Производство на црвени крвни зрнца – доволно количество од витаминот Б12 неопходен е за производство на здрави црвени крвни зрнца и превенција на мегалобластична анемија, чии симптоми вклучуваат: измореност, бледа кожа, силно отчукување на срцето, слаб апетит, губење телесна тежина и неплодност.
Здравјето на мозокот и нервниот систем – Б12 е неопходен за невролошката функција и одржувањето на здрави нервни клетки. Според тоа, недостаток од Б12 може да го наруши одржувањето на здраво функционирање на нервниот систем и дури може да предизвика трајно оштетување на нервите.
Здрав енергетски метаболизам – витаминот Б12 има важна улога во енергетскиот метаболизам на човекот. Поради тоа ако се соочувате со недостаток од овој витамин може да се чувствувате слабо и изморено. Добрата вест е дека недостатокот од овој витамин релативно лесно се поправа, со соодветна исхрана, земање суплементи или во случај на малапсорпција со инјектирање на големи дози од витаминот или со спреј за нос.