Пред овој човек и Тито се „тресеше“: Ги знаеше сите мрачни тајни на Маршалот и само тој смееше сè во лице да му каже

Точка

25/07/2024

13:50

5.870

Големина на фонт

а а а

Иван Крајачиќ Стева беше човек во кој Тито имаш најголема доверба но и единствениот од кого се плашеше. За тоа колку бил влијателен зборуваат легендите кои биле прераскажувани за него.

Јованка Броз имаше челична доверба во Крајачиќ која во ниедна секунда од нивниот живот не беше нарушена. Крајачиќ на Тито му беше градител, му градеше вили но и засолништа, тој за Тито работеше се’.


Според една легенда баш тој, Стево Крајачиќ, во една прилика на Тито му донел две масерки, сестрите Грбиќ, кои имале големо влијание врз него, па преку нив Крајачиќ го контролирал Тито. А Јованка пак поради нив добивала потешки нервни сломови.

Се зборува дека Крајачиќ исто така го има организирано целиот Брионски пленум на којшто Тито се ослободил од Александар Ранковиќ и Ќеќо Стефановиќ, српските полицајци кои преку Службата за државна безбедност ја одржувале Југославија како чврста, централистичко – унитарна држава, и после тоа обезбедил долготраен наплив на хрватски (дел и словенски) кадрови во безбедносните служби што беше и почеток на раздвојување на Југославија. Велат дека тоа го правел со помош на русите, германците и англичаните.


Тито знаел дека Крајачиќ е заколнат анитијугословен, болшевик, непоправлив коминтерновец, проусташки ориентиран хрват. Исто така знаел дека Крајачиќ во многу нешта е негативна личност. Самата негова појава и изглед предизвикувале чувство на одвратност.

И покрај сето ова, Крајачиќ во секое време можел ненајавено да отиде кај Тито и да му каже се’ што останатите не смееле. Јованка пак знаејќи за таквиот нивен однос, често од Крајачиќ барала услуги кога сакала од Тито нешто да добие.



Спонзорирани линкови

Маркетинг