Повторно обид за атентат врз Доналд Трамп. ФБИ откри нови детали за пукањето во Флорида

Точка

15/09/2024

23:39

5.464

Големина на фонт

а а а

ФБИ објави дека поранешниот претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп бил предмет на „очигледен обид за атентат“ во неговиот голф клуб во Флорида.

Белата куќа по инцидентот објави дека американскиот претседател Џозеф Бајден и потпретседателката Камала Харис биле информирани за безбедносниот инцидент на меѓународниот терен за голф Трамп, каде поранешниот претседател Трамп играл голф.

Биле спокојни кога дознале дека Трамп е безбеден“. Нивниот тим редовно ќе ги информира за развојот на ситуацијата“, соопшти Белата куќа.

Тајната служба веднаш го одвела Трамп на безбедно, додека Њујоршката полиција неофицијално известува дека агентите отвориле оган кога забележале дека мажот држел нешто што изгледало како цевка од пиштол.

Еден од агентите испукал повеќе истрели.

Според тврдењата на новинарот Шон Ханити, кој разговарал со поранешниот американски претседател по инцидентот, агентите веднаш го извлекле поранешниот американски претседател надвор од теренот.

Припадници на Тајната служба отвориле оган врз маж кој влегол на теренот за голф во Вест Палм Бич каде бил присутен поранешниот американски претседател Доналд Трамп, јавуваат американските медиуми.

Камала Харис по повод настанот се огласи и на X:

Информиранa сум за извештаите за истрели од огнено оружје во близина на поранешниот претседател Трамп и неговиот имот на Флорида, и мило ми е што тој е безбеден. Насилството нема место во Америка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг