Комбе што превезувало патници од Србија удрило во камион во Хрватска: „Возеше брзо, се исплашивме, за среќа, никој не е повреден“

Макфакс

25/07/2024

11:46

3.337

Големина на фонт

а а а

Сообраќајна несреќа се случи денеска во Хрватска, кога комбето на агенцијата „Тера травел“, кое превезувало патници од Србија, удрило во камион. Несреќата се случила набргу откако ја преминале границата, а нема повредени.

Според Нова.рс, возачот на комбето возел со голема брзина.

Ударот бил толку силен што предниот дел на комбето бил целосно уништен.

Според информациите возачот не држел дистанца.

Во моментов на терен е брза помош.

Истрагата е во тек.



Спонзорирани линкови

Маркетинг