Атлетико Мадрид од година во година останува без играчите кои беа дел од тимот во изминатава деценија, оние кои беа важна алка и беа незаменливи во системот на тренерот Диего Симеоне, ама времето минува и потребни се промени.
Новиот „воин“ кој си заминува од Мадрид е Стефан Савиќ, играчот кој верно му служеше на клубот од 2015 година. Сега таа приказна завршува и дефанзиевцот во иднина ќе му биде соиграч на Енис Барди во Трабзонспор.
Црногорецот си подал рака со турскиот прволигаш во кој ќе остане најмалку до 2027 година.
Стефан кариерата ја започна во Борча по што преку Партизан стигна во Манчестер Сити од каде замина за Фиорентина за која настапуваше во периодот од 2012 до 2015. Потоа дојде трансферот во Атлетико каде дефинитивно ги имаше најдобрите изданија во кариерата.