[ФОТО] Прошталниот „Suzuki Jimny“

Точка

22/07/2024

16:20

9.673

Големина на фонт

а а а

Само 900 примероци од ова возило ќе им бидат понудени на купувачите во Европа.

Едно од најмалите, но и најинтересни оф-роуд возила на европскиот пазар е уште една „жртва“ на еколошките норми.

„Suzuki“ најави електрификација на овој модел, на кој ќе бидеме сведоци следната година. До тогаш е понудена посебна серија „Horizont“, ограничена на точно 900 примероци.

„Jimny Horizont“ се нуди исклучиво во сива нијанса од надвор, базиран на ниво на опрема „Comfort“.

Моторот е 1,5-литарски во варијанти со 102 коњски сили и 130 коњски сили, а силата се пренесува на тркалата преку мануелен менувач.


Цената во Германија е 32.340 евра, што е значајно повеќе од основната верзија. Поскапувањето, освен со ексклузивноста, се објаснува и со бројни додатоци.

Погледот од напред открива нова маска и браник со дополнителна заштита. Модификацијата на страните вклучува дополнителни прагови и штитници на браниците, додека најзначајниот новитет одзади е стандардно вградената кука за влечење.