Килијан Мбапе беше и официјално претставен како нов играч на Реал Мадрид со што конечно се стави крај на една сапуница, приказна која траеше, траеше за да на крајот заврши со сценариото кое сите го очекуваа.
Мбапе прво ќе се одмори, а потоа ќе се фокусира на новото поглавје во кариерата, најголемиот предизвик. Останува на него да се докаже, потврди и да го оправда статусот на големо засилување, засилување кое треба да одбележи една ера на „Сантијаго Бернабеу“ ако се земе предвид дека напаѓачот има само 25 години.
На промоцијата во Мадрид беше присутно и неговото семејство, а токму неговата мајка која има улога и во носењето на одлуките во кариерата објасни зошто Реал е најголемиот клуб на светот.
- Реал Мадрид е најголемиот клуб во светот. Во вторникот ја почувствував разликата, на пример со Пари Сен Жермен. Паркот на принцовите“ е извонреден, но кога ќе пристигнете во Реал Мадрид, ја чувствувате тежината на институцијата, - порача Фајза Ламари за „Ле Паризиен“.