Ова се најдобрите електрични автомобили

Точка

17/07/2024

12:57

11.374

Големина на фонт

а а а

Американската организација за потрошувачи "Consumer Reports" тестираше речиси 50 електрични автомобили во текот на минатата година, а сега издвоија 14 за кои сметаат дека се барем малку подобри од сите други.

"Consumer Reports" ги оценува производите на американскиот пазар скоро 90 години и ѝ веруваат клиентите од САД.

Нивните оценки за автомобили се засноваат на голем број фактори, од квалитет на изработка до искуство во возењето, перформанси и доверливост, како и извештаи за задоволството на сопствениците.


Значи, ова се тестови кои комбинираат класични тестови на автомобили со мислењето на сопствениците на возилата и затоа се единствени.

Организацијата, исто така, ги разгледала вредностите како што се опсегот и перформансите на полнење, а потоа ги споредила со податоците декларирани од производителот.


Резултат е листата на електрични автомобили од "BMW", "Hyundai", "Ford" и "Tesla", меѓу другите, и голем број други брендови за кои се верува дека нудат практични автомобили кои функционираат во секојдневниот живот.

„Ги претставуваме најдобрите електрични автомобили што сме ги тестирале, рангирани според нивните вкупни перформанси, земајќи ги предвид перформансите на тестовите на патиштата, доверливоста, задоволството на сопственикот и безбедноста“, велат од "Consumer Reports".


На врвот на листата е "BMW iX", кој беше оценет со 84 од можни 100 поени. Следуваат "Hyundai Ioniq 6" и "BMW i4" кои го делат второто место со 83 поени.

Проверете ја листата на топ 14 електрични автомобили (на американскиот пазар, имајќи предвид дека повеќето од овие модели се продаваат и во Европа):

1. BMW iX (84/100)

2-3. Hyundai Ioniq 6 (83/100)

2-3. BMW i4 (83/100)

4. Kia EV9 (78/100)

5. Kia EV6 (77/100)

6. Porsche Taycan (76/100)

7-8. Genesis GV60 (75/100)

7-8. Lexus RZ (75/100)

9. Tesla Model Y (72/100)

10-11. Audi Q4 e-tron (71/100)

10-11. Kia Niro (71/100)

12-14. Nissan Ariya (70/100)

12-14. Ford Mustang Mach-E (70/100)

12-14. Audi Q8 e-tron (70/100)