[ВИДЕО] Дрејк објави видео од поплавите во неговата вила: „Се надевам дека ова е еспресо мартини“

Точка

17/07/2024

08:57

3.148

Големина на фонт

а а а

Канадскиот рапер Дрејк (37) на Инстаграм објави видео од поплавата во неговата вила.

„Се надевам дека ова е еспресо мартини“, напиша тој покрај видеото од поплавувањето на неговиот дом за време на дождовите во Канада, и во целата трагедија се пошегува дека се надева дека тоа што тече низ неговиот дом е еспресо мартини.

Водата стигна над глуждовите

На видеото, непознато лице се обидува да ја затвори вратата додека низ неа тече вода и се акумулира во собата. Дрејк покажува како водата стигнала над глушдовите. Раперот во еден момент држи метла со која се обидел малку да ја исчисти водата.


Иако раперот не посочи на која локација се работи, неговиот роден град последните денови доживува тешки временски услови и поплави. „Environment Canada“ издаде предупредување за обилни врнежи во Торонто. Соопштението доаѓа откако неодамнешните поплави го погодија градското метро.

Дрејк претходно ја покажа својата палата во Торонто наречена “The Embassy“ за „Architectural Digest“.


„Бидејќи ја градев во мојот роден град, сакав структурата да стои цврста 100 години. Тоа ќе биде една од работите што ќе ги оставам зад себе, па мораше да биде безвременска и силна“, рече тогаш.




Спонзорирани линкови

Маркетинг