Осум месеци по разводот од Бритни Спирс, Сем Ашгари ја потврди врската со новата девојка

Точка

03/01/2025

10:46

1.839

Големина на фонт

а а а

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс Сем Ашгари ја потврди новата врска со Брук Ирвин објавувајќи романтична фотографија на Инстаграм.

Актерот сподели неколку заеднички фотографии со Брук, набргу откако се појавија гласините за нивната врска. Заедно со сликите, Сем на своите следбеници им ја честиташе Новата година.


На една од објавените фотографии Сем и Брук позираат прегрнати, а на друга се во костими за капење и опуштено лежат под палма.


Исто така, парот сподели моменти од нивното ноќно излегување, облечени во модни комбинации со иста боја.

Обожавателите брзо реагираа, испраќајќи честитки и поддршка: „Заслужуваш здрава и среќна љубов“, „Среќна Нова година и честитки за новите почетоци“, „Прекрасна е!“, беа само дел од коментарите. Честитки и поддршка на Сем му испрати и неговата сестра Меди.


Сем ја официјализираше својата нова врска само осум месеци откако се разведе од Бритни Спирс, со која беше во брак нешто повеќе од една година. Сем и Бритни почнаа да се забавуваат во 2016 година, откако се запознаа на снимањето на спотот за песната „Slumber Party“.

Пет години подоцна, Сем ја запроси Бритни, а се венчаа во јуни 2022 година. Меѓутоа, нивниот брак не траеше, а официјално се разведоа во мај 2024 година.