[ФОТО] Џенифер Лопез го спојува „неспојливото“: На одморот во Аспен позираше во бикини и крзнени чизми

Точка

03/01/2025

11:24

3.161

Големина на фонт

а а а

Џенифер Лопез ја прослави Новата година во Аспен, Колорадо, а за време на престојот во луксузното одморалиште сподели фотографии од невообичаена модна комбинација – бикини со крзнени чизми.

Пејачката и актерка објави фотографии на својот Инстаграм профил, како и на билтенот за нејзините обожаватели „On Jlo“, а на фотографиите Лопез позираше само во црно бикини и крзнени чизми.

Покрај тоа, таа имаше и црна каубојски шешир, а ова издание го комплетираше со ланче во форма на срце.

„Ќе се вратиме во Аспен“, напиша таа под фотографијата од одморот.

Лопез сподели уште неколку забавни моменти од нејзиното еднонеделно патување, вклучително и неколку снимки со 16-годишните близнаци Макс и Ема.

На снежниот одмор ѝ се придружија нејзината мајка Гвадалупе, сестрата Линда, менаџерот Бени Медина и други пријатели.

За време на одморот во Аспен, актерката беше фотографирана во друштво на Кевин Костнер, а шпекулациите за можната врска меѓу нив почнаа да се шират.

И двајцата неодамна поминаа низ тежок период. Имено, Џенифер Лопез оваа година поднесе барање за развод од актерот Бен Афлек, по само две години брак, додека Кевин Костнер минатата година го заврши бракот со Кристин Баумгартнер по 18 години заеднички живот, со бројни преговори околу финансиите.