Шпанските фудбалери вчера пристигнаа во Мадрид и имаа шампионска прослава до доцна во ноќта, но додека во Мадрид се беше во знакот на новите европски шампиони, имало делови од Шпанија каде и не се славел големиот успех на репрезентацијата.
Баскија како автономна заедница често има различни мислења од луѓето кои ја водат политиката во Шпанија, а дел фудбалските фанови од оваа покраина очигледно не се ни радуваат на освоената титула.
Микел Ојарзабал прерасна во национален херој со погодокот кој го постигна против Англија во Берлин, но еден ден по незаборавнито момент, во неговото родно место имало и невкусни и разочарувачки коментари.
Ојарзабал како баскиски претставник во шпанскиот тим добил сериозни навреди од досега непознати сторители, кои Микел и Микел Мерино ги сметаат за предавници.
Национализмот на Баскијите е нешто што се провлекува низ цела историја на Шпанија, но сликите кои пристигнаа еден ден по големиот успеј на „фуријата“ дефинитивно ги разлути искрените фудбалски фанови.
Racismo es esto.
— Ipe Utrera-Molina (@ipeutrera) July 15, 2024
Xenofobia es esto.
Esto es el nacionalismo vasco.
¡Viva España y aupa Oyarzabal! pic.twitter.com/AOiKxYZg3c