[ВИДЕО] Ќе му го разнесел мозокот! Забавена снимка од обидот за атентат на Трамп открива сè: Со еден потег избегнал сигурна смрт

Точка

15/07/2024

21:42

11.941

Големина на фонт

а а а

Доналд Трамп изјавил дека наглото вртење на главата во последен момент веројатно му го спасило животот, додека забавената снимка покажува дека куршумот го погодил во уво.

Доколку Трамп не ја завртел главата, куршумот веројатно ќе го погодел задниот дел од неговата глава, што ќе ставело крај на неговиот живот.

Трамп рекол дека ја завртел главата за да ја погледне статистиката за илегална имиграција која била прикажана на големиот екран во текот на неговиот митинг.

„Таа табела која ја прегледав ми го спаси животот“, наводно му рекол Трамп на поранешниот лекар на Белата куќа Рони Џексон.

„Граничната патрола ми го спаси животот. Да не ја покажев табела и да не ја завртев главата да ја погледнам, тој куршум ќе ме погодеше директно во глава“, додал Трамп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг