ВЛЕН: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде готов кога беше купена „Соравија“

Макфакс

14/06/2026

16:30

261

Големина на фонт

а а а

ВЛЕН истакна дека почетокот на изградбата на автопатот Скопје–Блаце е исполнување на долгогодишен проект, а обвинија дека претходната власт не успеала да го заврши заради корупциски скандали и неприоритетни одлуки.

Од ВЛЕН соопштија дека почетокот на работите на автопатот Скопје–Блаце претставува реализација на проект што граѓаните го чекале со децении.

Тие ја обвинија ДУИ дека за 24 години власт не успеала да го реализира автопатот, додавајќи дека според претходно ветуваните рокови тој требало да биде завршен уште во периодот кога семејството Ахмети ја купило „Соравија“.

Од коалицијата оценуваат дека по заминувањето на ДУИ од власта почнала реализација на крупни инфраструктурни проекти, меѓу кои автопатот Скопје–Блаце, Коридорот 8, како и изградбата на кампусот на УНТ и болниците во Кичево и Тетово.

Според ВЛЕН, претходната власт имала погрешни приоритети и била поврзана со корупциски скандали и злоупотреба на јавни средства.

Фото: изградба на автопат (илустрација)