[ВИДЕО] Тешка поморска несреќа кај Сплит: Се судрија катамаран и едрилица – три лица загинаа, по едно сè уште се трага

Точка

14/06/2026

14:55

2.073

Големина на фонт

а а а

Тешка поморска несреќа што денес, на 14 јуни, се случи во акваторијата меѓу островите Брач и Шолта, однесе три човечки животи, додека потрагата по едно исчезнато лице сѐ уште трае.

Несреќата се случила околу 11:38 часот во поморскиот канал Сплитски врати, кога, според досегашните информации, се судриле патнички катамаран и едрилица.


Од силината на ударот едрилицата потонала, а на социјалните мрежи и порталите се појавија снимки од драматичните моменти по судирот.


Од полицијата соопштија дека во несреќата смртно настрадале три лица кои се наоѓале на едрилицата, додека по уште едно лице интензивно се трага. Четири лица се спасени и медицинска помош им била укажана на местото на настанот, а немало потреба од нивен транспорт во болница.

Според достапните информации, во несреќата учествувал катамаранот „Krilo Eclipse“, патнички брод што плови под хрватско знаме. Станува збор за брзо патничко пловило долго 41,3 метри, кое сообраќа на редовната линија меѓу Сплит и Супетар на Брач.


Точните околности на судирот, како и причината за несреќата, ќе бидат познати по завршувањето на истрагата. Снимката од местото на настанот дополнително сведочи за размерите на трагедијата што го потресе хрватското крајбрежје.