Колинда Грабар-Китаровиќ, поранешната претседателка на Хрватска остана запаметена како жена со стил која секогаш знаела да избере елегантна комбинација во склад со својата функција.
И по завршувањето на нејзиниот мандат, 56-годишна Грабар-Китаровиќ остана присутна во политичкиот и јавниот живот на Хрватска, а и денес продолжува да ги полни страниците на печатот со своите убави модни комбинации.
Неодамна на својот Фејсбук-профил Колинда Грабар-Китаровиќ сподели фотографии од јавниот форум на НАТО во Вашингтон, на кој и самата присуствуваше.
Seventy-five years ago, 12 nations came together in Washington, D.C. to sign the North Atlantic Treaty, committing to...
Posted by Kolinda Grabar-Kitarović on Wednesday 10 July 2024
За оваа деловна пригода таа избра едноставно, но софистицирано издание со кое не можете да погрешите. Со оглед на тоа што Колинда претходните години избираше парчиња инспирирани од стилот на британската принцеза Кејт Мидлтон, како и од поранешната прва дама на САД Меланија Трамп, не чуди што и сега прибегнала кон тој моден рецепт.
Познатата Хрватка се определила за нов модел на фустан од лондонскиот бренд „Еделин Ли“, а и претходно носела парчиња со нивниот потпис. Интересно е што пред неколку недели носеше нивна тоалета од смарагдно зелена лелеава ткаенина, а ист таков фустан носеше британската принцеза Кејт Мидлтон во мај 2022 година при посетата на Музејот на дизајн во Лондон.
Но, парчето што таа го носеше сега чини 1.400 евра и сè уште е достапно во веб продавницата на споменатата модна куќа, а се работи за тегет фустан во миди должина со впечатливи бели копчиња и ремен кој ја истакнува половината.
Building strategic relations between #Croatia & #Israel with @PresidentRuvi pic.twitter.com/Vdw7LoZJuD
— Kolinda Grabar-Kitarović (@KolindaGK) July 24, 2018
Морнарскиот изглед го надополнила со бели чевли со панделки со потпис на Салваторе Ферагамо, успевајќи да изгледа класично, но и шик.
Колинда во една пригода носеше сличен аутфит како поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп, во небесно сина боја.