Младоженец од Бризбејн направил прилично незгодна грешка во еден од најважните моменти во својот живот. Имено додека стоел пред олтарот, својата сопруга Ема ја нарекол со името на нејзината сестра Емили.
Снимката од тој момент на социјалните мрежи ја објавила самата невеста, а видеото набрзо станало вирално и собрало повеќе од 2,2 милиони прегледи. „ПОВ: Стоиш пред олтарот, а сопругот те нарекува со погрешно име“, напишала Ема покрај снимката.
„Неочекуван пресврт. Тоа е името на мојата сестра. Сè уште не можам да поверувам дека пред олтарот ме нарече Емили“, додала таа подоцна.
Многумина веднаш се сетиле на „Пријатели“
Лапсусот на младоженецот предизвикал бројни реакции, а дел од корисниците на социјалните мрежи немале многу разбирање за неговата грешка. „Јас би го убила“, напишала една корисничка.
„Јас само би се свртела и би ја откажала венчавката. Ова е најпонижувачкото нешто што може да се случи на венчавка. Жал ми е, девојко“, додала друга.
Стотици луѓе веднаш се сетиле и на познатата сцена од серијата „Пријатели“. Рос Гелер, за време на венчавката со Емили, пред олтарот го изговара името на својата поранешна девојка Рејчел, по што настанува вистински хаос.
Некои отишле и чекор понатаму и заклучиле дека невестата би требало посериозно да размисли за грешката на својот сопруг. „Сосема сериозно, ако ти се чини дека ова е чудно – во право си. Ова е многу необично, а понекогаш токму наједноставните знаци ги откриваат најголемите лаги“, стои во еден од коментарите.
Други не гледаат ништо страшно
Сепак, сите не сметаат дека еден погрешно изговорен збор мора да значи нешто повеќе. Дел од корисниците застанаа во одбрана на младоженецот, истакнувајќи дека венчавката може да биде исклучително стресна и дека тој едноставно се збунил.

„Сите што го поминале ова знаат колкав е стресот во тој момент. Човекот малку се збунил, па што сега?“, напишала една жена.
„Ова е пресмешно. Не ми е јасно зошто има толку омраза, опуштете се малку“, додала друга.
Невестата не гледа причина за загриженост
Се чини дека целата ситуација најмалку ја загрижува самата Ема. Таа грешката на својот сопруг не ја доживува како знак на непочитување, ниту смета дека зад неа се крие нешто сомнително.
По бројните коментари, објаснила и зошто не ѝ пречи тоа што нејзиниот сопруг го изговорил токму името на нејзината сестра.
„Да изговореше некое сосема случајно име, ќе имав прашања. Сестра ми е мојата најдобра пријателка. Не сум загрижена“, заклучила таа.











