Родителите на Јелена Ѓоковиќ, за разлика од Дијана и Срѓан Ѓоковиќ, јавноста не ги гледа често, бидејќи тие избраа да си ја сочуваат својата приватност.
Иако јавноста верно го следи секој потег на нивната ќерка, Миомир и Вера Ристиќ во сите овие години се фотографирани само неколку пати. Исто така, Јелена не зборувала често за нив, но секогаш кога ги спомнувала тоа било со многу љубов.
Јелена ја има две години постарата сестра Марија, а како што открила, најголемо влијание на нивното воспитување имала нивната мајка, која ја опишала како лавица.
- Верувам дека жените стекнуваат многу квалитети гледајќи ги своите родители, особено нивните мајки. Мајка ми рано ме роди мене и сестра ми, не воспита и работеше цело време. Ништо не и беше тешко, лавовски се бореше да ни обезбеди квалитетен живот и образование, во многу тешки услови - изјавила Јелена во една прилика.
Зборувајќи на темата машко-женски односи, сопругата на најпознатиот тенисер откри дека нејзиниот татко секогаш и бил голема поддршка на сопругата и дека никогаш не ја задржувал, што на нивното семејство секогаш им давало ветар во грб.
- Најдоброто од се е што кај татко ми го видов одобрувањето и зајакнувањето на низата лавици кои ги водеше мајка ми. Поради таквите родители јас и сестра ми се трудиме да бидеме самостојни и не чекаме ништо да ни падне во скут, туку се бориме за тоа. Би ги советувала другите млади жени да се борат со целото свое срце за она во што веруваат – изјави Јелена.
Сопругата на нашиот тенисер денес е на чело на Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ и е горда мајка на Стефан и Тара.