Делови од автомобилот кои најмногу страдаат од екстремно високите температури

Точка

12/07/2024

13:15

13.275

Големина на фонт

а а а

Честопати се издаваат препораки за однесувањето на луѓето кога надвор е 35 до 40 степени, но што е со нашиот автомобил?

Иако повеќето се свесни дека за возилото треба да се грижат во зима поради ниските температури, всушност вашиот автомобил потешко ги поднесува високите температури. Тоа го покажува и статистиката на автомобилските клубови – британската компанија "RAC", која пружа помош на пат, бележи за 20 до 30 отсто повеќе интервенции кога е топло.

Верувале или не, кога температурите се високи, најмногу страдаат акумулаторите. Особено се изложени на ризик во лето бидејќи немаат ладење, а со топлината надвор дополнително се загреваат со полнење и празнење – тогаш електролитот во акумулаторот може да испари, што ќе ги остави електродите изложени и ќе го забрза процесот на формирање на наслаги.

Во текот на летото се користат многу електрични потрошувачи, како и други уреди како клима, поради што алтернаторот може да се отповари до ниво што го спречува полнењето на батеријата.


Први на удар на врелиот асфалт се гумите, кои со самото тоа се и најекспонирани во лето, особено при долги патувања како одење на одмор. Ако гумата е стара, високите температури сериозно ја загрозуваат нејзината физичка состојба, особено ако е неправилно напумпана. Повеќето експлозии на гумите се случуваат во летните месеци, а погрешниот притисок предизвикува прекумерно трошење и кинење, како и дополнително загревање на гумите.

Течноста за ладење на моторот е клучна за неговото ладење, а моторот без вода може, исто како и човек, буквално да умре на високи температури. Во исто време, за тоа причина не се долгите патувања – моторот попрво ќе се прегрее додека стоите во метеж и работите во лер со висока температура на воздухот надвор отколку додека возите. Уште полошо е ако системот за ладење е оштетен и течноста за ладење протекува некаде.

Во зима, моторното масло е клучно за подобро подмачкување при ладно палење, но високите температури се тие што квалитативно го уништуваат и деградираат маслото, без разлика дали се работи за прегревање на моторот или побрзо возење по автопат кога маслото се загрева повеќе. При високи температури, сите други системи како сопирачките, спојките и електрониката се под стрес, па дури и горивото е поретко и побрзо испарува, па потрошувачката може да се зголеми.


Директното и силно УВ зрачење делува на лакираните лимени површини на ист начин како и на нашата кожа – го суши лакот и го загрева, што може да предизвика пукање. Покрај тоа, ги избелува боите, а истото се случува и во внатрешноста на автомобилот, каде што температурата дополнително се зголемува поради ефектот на стаклена градина. УВ зраците ги уништуваат боите, особено на темните и чувствителни материјали како кожа, а исто така може да предизвикаат сушење и пукање на пластиката.

Затоа е корисно да имате навлаки на седиштата, а најдобро е автомобилот да го паркирате под сенка во лето. Најкорисното нешто што можете да го купите е штитник за сонце за покривање на шофершајбната кога автомобилот е паркиран. Онаму каде што е можно, оставете ги прозорците малку подотворени – ова може многу да го спречи загревањето на кабината на возилото.




Спонзорирани линкови

Маркетинг