Samsung туку што ги лансираше своите најнови Galaxy уреди на UNPACKED настанот во Париз.
Последниот крик на технологиите за преклопливи телефони се огледува во иновациите кај Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6, додека пак со новата серија Galaxy Watch7 часовници и Galaxy Watch Ultra, грижата за личното здравје на дневна основа и општата благосостојба овој пат е зајакната со функции напокувани од вештачка интелигенција. Кругот на најновите членови на Galaxy се затвори со претставувањето и на најновите модели на безжични слушалки Galaxy Buds3 и Galaxy Buds3 Pro кои донесуваат ново комуникациско и аудио искуство, повторно благодарение на вештачката интелигенција.
Фантастичните Galaxy Z Fold6 создаден да ја поттикне продуктивноста кај секого и да го подигне нивото на комуникации благодарение на вештачката интелигенција, како и естетски совршениот „џебен“ Galaxy Z Flip6 кој ќе го извлече најдоброто од вас во поглед на креативноста, ги импресионираа своите корисници не само со бројните надградени ВИ функции овозможени од веќе познатата Galaxy AI*, туку и од извонредниот дизајн кој претставува совршен спој на елеганција, супер-модерност и иновативност, правејќи ги овие уреди најтенки, најиздржливи и најлесни за носење телефони на преклоп досега од Samsung.
Новите паметни часовници Galaxy Watch Ultra и серијата Galaxy Watch7 отвораат нови хоризонти за грижа за вашето здравје, каде ќе можете паралелно со своите физички активности во облик на фитнес, стандардни, рекреативни или интензивни тренинзи, да имате детален увид во вашето психо-физичко здравје, кој ќе ви го овозможат функциите со вештачка интелигенција кај овие часовници. Galaxy AI повторно во центарот на вниманието и кај овие уреди. Почнувајќи со Galaxy Watch Ultra, тој е дизајниран за перформанси од следното ниво кои не се само нешто кон што се стремите во спортот. Тоа е начин на размислување што ве тера да го дадете најдоброто од себе во секој аспект од вашиот живот. Допирајќи ја вашата длабоко вкоренета страст за перформанси, Samsung изработи часовник со алатки напојувани со вештачка интелигенција и технологија за да ви помогне да ја пронајдете ултра верзијата од вас, која сите во себе ја носиме.
Со веќе познатиот кружен дизајн на Galaxy Watch, уредот има и нов „јастучест“ дизајн кој додава на робусноста и на неговиот визуелен впечаток. Galaxy Watch Ultra меѓу другото може да следи активности на повеќе нивоа, како што е триатлонот, каде што се следи пливање, возење велосипед и трчање. Дополнително, новиот функционален праг на моќност за возење велосипед прецизно ја мери максималната моќност на оваа активност за само четири минути користејќи FTP метрика засилена со вештачка интелигенција, дозволувајќи им на страстните велосипедисти да го откријат својот уникатен потенцијал. Galaxy Watch Ultra нуди и корисник ќе може да го прилагоди интензитетот на вежбањето, врз основа на сопствените физички можности.
Чување за здравјето претставува поветеност да го правите она што е добро за вашето тело. Со новата серија Galaxy Watch7 нема само да ги следите вашите здравствени податоци, туку овој уред, благодарение на Galaxy AI, ќе ја претвори вашата статистика во функционален увид за да можете да ја пронајдете рамнотежата во вашите секојдневни навики – од доволно спиење до уживање во оброкот кој ве мами, сето тоа за да можете да бидете најдоброто јас. Серијата Galaxy Watch7 ќе ви овозможи детално следење на повеќе од 100 вежби и градење рутини со комбинирање на различни вежби, сé со цел да ги постигнете вашите цели. Исто така уредот поседува функции со кои ќе можете да ги споредувате тековните и минатите изведби на вежбите во реално време за полесно да го следите својот напредок и да останете мотивирани, како и. функција за детална „снимка“ на телото и физичката кондиција за сеопфатно разбирање на телото.
Ова се само мал дел од перформансите на новите Galaxy Watch Ultra и серијата Galaxy Watch7, уреди создадени да го следат вашето здравје и да го поттикнат најдоброто во вас, создадени според последните достигнувања и иновации во индустријата за паметни часовници. И секако, тие беспрекорно се вклучени во Galaxy екосистемот, овозможувајќи ви сите овие метрики да ги имате и во вашиот Galaxy мобилен телефон.
Серијата Galaxy Buds3 нуди подобрено носење на слушалките и интелигентен звук за да се обезбеди врвно искуство за слушање. Новиот, ултра елегантен и модерен дизајн на моделите Galaxy Buds3 и Galaxy Buds3 Pro обезбедува постојана удобност и интелигентно оптимизиран звук без разлика колку долго и како ги носите слушалките. Обата модела нудат две наменски форми и тоа, Galaxy Buds3 Pro се наменети да се носат вметнати во ушниот канал за оние кои сакаат побогато звучно искуство, додека Galaxy Buds3 се отворени, за оние корисници кои сакаат да ги користат слушалките во различни средини и подолг временски период. Galaxy Buds3 Pro се опремени со напреден хардвер, за премиум аудио искуство. Тие се одликуваат со напредни двонасочни звучни единици со планарен „високотонец“ за префинет и прецизен опсег на фреквенции, како и со двојни засилувачи за кристално чист звук во движење.
Со своите најнови модели на носливи уреди од семејството Galaxy во коe спаѓаат телефоните на преклоп од серијата Z, Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6, слушалките-„бубачки“ Galaxy Buds3 и Galaxy Buds3 Pro, како и паметните часовници Galaxy Watch Ultra и серијата Galaxy Watch7, Samsung ги оствари и воедно ги надмина очекувањата за богатиот Galaxy екосистем кој е создаден со максимална посветеност кон корисниците и нивните потреби. Кај нас премиерно сите овие уреди веќе од 10.07.2024 се достапни за преднарачка.