[ФОТО/ВИДЕО] Во Египет откриен потонат антички град, стар повеќе од 2.000 години

Точка

22/08/2025

19:10

870

Големина на фонт

а а а

Египетските власти претставија делови од потонат град откриен покрај брегот на Александрија, со згради, артефакти и пристаниште изградено пред повеќе од 2.000 години.

Според официјалните лица, градот, сместен во водите на заливот Абу Кир, би можел да биде продолжение на античкиот град Канопус, кој бил важен центар за време на Птоломејската династија која владеела со Египет речиси 300 години, како и на Римското Царство кое владеело со земјата околу 600 години, пренесе Гардијан.




Со текот на времето, градот потонал поради земјотреси и зголемување на нивото на морето. Денес, крановите полека извлекуваат статуи од длабочините, а некои од нив прикажуваат кралски фигури и сфинги, од кои едната го носи ликот на Рамзес II, еден од најпознатите фараони.




На ова место беа пронајдени и трговски брод, камени сидра и док долг 125 метри кој се користел до византискиот период.


Министерот за туризам на Египет, Шериф Фати, рече дека многу нешта се под вода, но дека само ограничен дел може да се извлече на површина.

„Остатокот ќе продолжи да биде дел од нашето потонато наследство“, рече тој.