Австралија важи за континент со најопасни животни на светот – змии, пајаци, крокодили … Но, истражувањата покажуваат дека повеќето смртни случаи таму не се предизвикани од овие опасни суштества, туку од – коњи.
Коњите на врвот на црната листа
Според податоците на Националниот систем за смртност, во периодот од 2001 до 2021 година најголем дел од смртните случаи биле резултат на пад од коњ за време на јавање. Вкупно се регистрирани 713 смртни случаи, што претставува 31,1 проценти годишно.
Ова изненадувачко откритие ја симнува од првото место вообичаената перцепција за смртоносноста на змиите и пајаците, иако Австралија е дом на трите најотровни змии во светот и на најсмртоносниот пајак – сиднејскиот пајак (Atrax robustus).
Кои животни се најопасни?
На второ место се говедата, одговорни за 92 смртни случаи (12,9 проценти), кои често учествуваат и во сообраќајни несреќи.
На третото место се наоѓаат кучињата со 11,5 проценти, најчесто поради смртоносни каснувања.
Дури на четвртото место е првиот автохтон австралиски животински вид – кенгурот. Во истражуваниот период тие предизвикале 53 смртни случаи, најчесто поради судири во сообраќајот.
Змиите се на петтото место, зад нив следуваат пчелите, ајкулите и на крај крокодилите.
Пајаците повеќе не се закана
И покрај репутацијата, од каснување на пајак во Австралија не е забележан ниту еден смртен случај уште од 1981 година, кога бил воведен противотров.
Студијата покажува дека животните со кои луѓето поминуваат најмногу време честопати се и најсмртоносни. Наместо змиите и пајаците, коњите – иако не се автохтона вид во Австралија – претставуваат најголема закана по човечки животи.