[ФОТО] Никол Шерцингер блесна во тесен фустан на Вимблдон: Вистинска атракција на трибините

Точка

10/07/2024

09:30

19.085

Големина на фонт

а а а

Никол Шерцингер вчера беше вистинска атракција на Вимблдон, ја следеа погледите на гледачите и фотографите.

Американската пејачка го следеше натпреварот помеѓу Ема Радучани и Ана Калинскаја и цело време внимателно ја следеше играта.


Таа се појави во тесен фустан во боја на слонова коска кој ја следеше линијата на телото, а аутфитот го подигна со златен и сребрен накит, мала црна чанта и очила за сонце. Овој пат со неа не беше нејзиниот вереник Том Еванс.


Потсетуваме, Никол и шест години помладиот шкотски рагбист Том Еванс се запознаа во 2019 година кога учествуваше во шоуто „The X Factor: Celebrity“. Тие се верија минатата година на Хаваи.

Неодамна заедно го прославија нејзиниот 46 роденден, а по тој повод Никол ги почести своите фанови со фотографија во костим за капење.




Спонзорирани линкови

Маркетинг