На Русија ѝ снемува тенкови. Зошто во складиштата им стојат илјадници „T-72“ од првата генерација?

Точка

08/07/2024

22:27

12.889

Големина на фонт

а а а

Руската војска во Украина губи речиси стотина тенкови месечно, покажуваат податоците на аналитичарите кои детално ги проучуваат социјалните мрежи за да ги идентификуваат уништените возила. Истовремено, руската индустрија произведува максимално 50 нови тенкови месечно. За да го надоместат тој јаз, Русите од складиштата извлекуваат стари тенкови од Студената војна, кои потоа ги модернизираат и ги праќаат на фронтот со новите возила, пишува „Forbes“.

Меѓу тенковите од складиштата има и модели „T-55“ од 50-тите, T-62 од 60-тите и низа тенкови „T-72“ и „T-80“ кои се нешто понови. Необично е тоа што во главно не ги вклучуваат најстарите тенкови „T72“, оригиналните „T-72 Урал и „T-72 A“ од почетокот на 70-тите. Тие имаат потенок оклоп и попримитивни контроли.

Резервите на тенковите „T-55“ паднале од почетокот на војната за 31 процент, „T-62“ за 37 проценти, а T-80B за неверојатни 79 проценти. Сепак, само 9 отсто од тенковите „T-72 s“ се извлечени од складиштата. Русите не посегнале во поголеми бројки по тенковите „T-72 A/Ural“, забележал аналитичарот со име "@Highmarsed“.

Дури и потполно кородиран стар тенк може да се врати во служба, доколку го поправите оклопот и ги замените сите компоненти кои не се изработени од чист челик. „Со доволно пари, време и резервни делови, веројатно е можно да се поправи било кој тенк“, објаснува "@Highmarsed“.


Веројатно е поевтино да се направи нов тенк отколку да се поправи стар

Сепак, таквиот вид на темелна поправка е многу скапа и трае долго. Ако некој стар тенк е во навистина лоша состојба – а треба да се каже дека тоа би можело да биде случај за околу илјада тенкови „T-72 Ural“ и „T-72 A“ – веројатно е подобро тие пари да се вложат во сосема нов тенк.

Зошто Кремљ би трошел пари на поправање на 70 години стари „T-55“ и 60 години старите „T-62“, а не на поправка на 50 годините старите „T-72"? Одговорот веројатно лежи во тоа дека тенковите „T-55“ и „T-62“ имаат простор за дополнителен човек кој ја полни цевката со експлозив, додека во „T-72“ тоа се случува автоматски, поради што нема потреба за четврти член на екипажот.

Тие автоматски состави со комплицирани и може да бидат тешки за одржување, поради што американската и многу други војски на НАТО никогаш не ги користеле во своите тенкови. Да, „T-55“ е 20 години постари од „T-72 Ural“, но е подеднакво помалку комплициран, а според тоа и поедноставен за поправка.


Новите и многу старите тенкови вреди да се поправаат, старите и комплексните не се исплати

Тоа ја објаснува необичната дупка во руските резерви на стари тенкови. Поновите комплексни тенкови вреди да се поправат, како и многу старите едноставни тенкови. Но, старите и комплексни тенкови, како „T-72“, не вредат ни пари ни време за да се доведат во функционална состојба.

Аналитичарот Ричард Верекер вели дека најстарите модели „T-72“ сочинуваат околу 10 проценти од руските загуби на тенкови. Тоа е и очекувано, ако се земе предвид колку малку ги има на фронтот.

Сепак, тоа сè уште значи дека секој месец се уништуваат неколку „T-72 Ural“ и „T072A“ тенкови, од само стотина, колку што Русите извлекле од складиштата. Ако тоа темпо продолжи, би можело да им снема многу брзо.


Остатокот од „T-72“ тенковите од првата генерација можеби никогаш нема да ги напуштат огромните складишта во кои веќе стојат со децении. Русите би морале да станат навистина очајни за да погледнат во нив и да видат нешто на што вреди да се трошат ресурси.

Меѓутоа, всушност и не е невозможно да станат толку очајни. „Мислам дека нема да дојде до некоја конкретна точка кога на Русите ќе им снема тенови“, напишал "@Highmarsed“.

Како што нивната моќ ќе се намалува поради недостигот на тенкови, можно е Русија да одлучи дека старите и комплексни тенкови сепак е исплатливо да се поправаат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг