Две деца се тешко повредени, се возеле со мопеди и се судриле со ауди

Макфакс

06/10/2024

14:51

270

Големина на фонт

а а а

Вчера во 19.05 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во Скопје, на крстосница од ул.„Февруарски поход“ и сервисна улица која води кон паркинг простор се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(36) од Скопје, мопед „априлија“, управуван од малолетник од Скопје и уште еден мопед „априлија“ со скопски регистарски ознаки, исто така управуван од малолетник од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата малолетници, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.




Спонзорирани линкови

Маркетинг