Едно лице е повредено во вечерашната престрелка која се случи на крстосницата на улиците „Џон Кенеди” и „Цветан Димов”, во близина на супермаркетот „Веро“ во Чаир.
Од МВР, за ТВ21 потврдија дека е пријавен инцидентот: „На 05.10.2024 во 20.20 часот пријавено е дека на ул. Цветан Димов во Скопје има повредено лице од огнено оружје. Според пријавеното, во повредениот било пукано од возило “пасат”. Повредениот е пренесен во ГОБ Св.Наум Охридски за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Како што информира ТВ21, повредениот е со иницијали А.Б., а поради тежината на повредите, врз него се врши операција во Клиничкиот центар, тој е во тешка состојба, и се бори за живот.
Според видеото споделено од 24.info.mk, во моментов, на местото на настанот има зголемено присуство на полициски службеници.
Видео: 24info.mk