[ВИДЕО] Страшно: Русите извршија ракетен напад врз детскта болница во Киев, голем број загинати и повредени

Точка

08/07/2024

14:30

2.443

Големина на фонт

а а а

Утрото на 8 јули Русија изврши воздушен ракетен напад врз Украина, втор ваков напад во последните неколку часа.

Нападнати беа Киев, Днепар, Кривиј Рих, Славјанск и Краматорск. Соопштено е дека загинале најмалку 15 лица, а 42 се ранети.

Околу 40 проектили од различен тип беа лансирани кон Украина, изјави претседателот Володимир Зеленски.

На каналите Телеграм беше објавено дека ракетите влегле во украинскиот воздушен простор околу 10 часот.

Во Киев се слушнале повеќе од 10 експлозии, јавуваат новинарите на Киев Индипендент од терен. Воздушната одбрана беше активна во предградијата на главниот град, изјави градоначалникот Виталиј Кличко, пишува Киев Индипендент.


Најмалку пет лица загинаа, а 11 се повредени во градот, соопшти киевската администрација.

Како резултат на нападот, остатоци од ракети паднале во квартовите Соломјански, Днепровски, Холосијевски, Дешњански, Дарњицки и Шевченковски, соопшти градската управа. Наводно, станбени згради биле оштетени низ градот, а пожари избувнале и во областите Десниански и Днепровски.

Беше погодена градската детска болница, рече градоначалникот. Според украинските медиуми, станува збор за болницата Окматдит, најголемиот медицински центар за деца во Украина.


Најмалку 10 лица загинаа, а 31 се хоспитализирани во Криво Рог, соопштија локалните власти. За нападот зборуваше и лидерот на Украина Володимир Зеленски:

„Сите служби се ангажирани да спасат што е можно повеќе луѓе. И целиот свет мора да ја искористи сета своја решителност конечно да стави крај на руските напади. Убиството е она што го носи Путин. Само заедно можеме да донесеме вистински мир и безбедност“, рече Зеленски.

Зеленски се огласи по бруталните напади врз Украина: „Светот не треба да молчи за она што го прават Русите“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се огласи на каналот „Телеграм“ по еден од најжестоките напади врз Киев од почетокот на војната во Украина.

„Светот не треба да молчи за руските напади во Украина, во кои загинаа најмалку 20 луѓе“, рече Зеленкси.

Тој исто така додаде дека детската болница, која беше погодена во нападот, е една од најважните медицински установи во земјата.

„Русија треба да одговара за сите злосторства врз луѓето, децата и човештвото. Многу е важно светот да не молчи за ова, сите да видат што прави Русија“, рече тој.

Да потсетиме, во нападот на Киев утринава загинаа најмалку седум лица, а неколкумина се повредени.

Во нападот беше погодена и најголемата детска болница во Украина, а евакуацијата на пациентите сè уште трае.



Спонзорирани линкови

Маркетинг