Видео од Хрватска кружи на социјалните мрежи: Не сакал да плати карта за траект, па висел на рампата

Точка

07/07/2024

13:09

4.138

Големина на фонт

а а а

Несекојдневен инцидент се случил вчера на хрватскиот брег, а снимката се шири на социјалните мрежи.

Имено, мажот висел на рампата на траектот „Петар Хекторовиќ“, кој испловил од пристаништето. Тој, како што изгледа на снимката, бил облечен и подготвен за на плажа, а имал и пешкир преку рамо. Како што се дознава од компанијата која е сопственик на траектот, мажот немал карта.

„Станува збор за патник кој е без патна карта и при самото заминување на траектот од пристаништето се обидел да влезе на пловилото. Екипажот по дојава на патник на рампата со брзина интервенција спречи развој на уште поопасна ситуација за патникот“, рекле од компанијата.

На Фејсбук страницата ""Volim Komižu“, на која е објавена снимката, се ределе коментари за овој настан, а некои од нив се: „Кога ќе закасниш на траект, да девојка ти е чека“, „Пливај сине, пливај. Љубовта нема граници“, „Дали е можно?!“



Спонзорирани линкови

Маркетинг