[ФОТО/ВИДЕО] Потресни снимки од страшното невреме кое ја зафати Јабланица: Водата, каменот и калта го уништија градот

Точка

05/10/2024

12:22

939

Големина на фонт

а а а

Разорните поплави што ја погодија Босна и Херцеговина предизвикаа огромни штети и однесоа најмалку 20 животи, додека по многумина се уште се трага.

По обилните дождови, поплави зафатија многу места. Катастрофа е забележана во општините Јабланица, Кисељак, Крешево, Коњиќ и Фојница.


Според последните информации, 16 лица го загубиле животот во катастрофалните поплави во Јабланица, додека се уште трае потрагата по десетици исчезнати лица, која продолжува од раните утрински часови.


Во Доња Јабланица и утринава новинарите се на лице место. Фотографиите од воздух го покажуваат степенот на катастрофата што ја остави зад себе поплавата.

Згрижени се сите кои избегаа од своите домови

Министерот за финансии во Владата на кантонот Херцеговина и шеф на кризниот штаб Адил Шута за порталот „Аваза“ изјави дека е воспоставена патна комуникација од Мостар до Јабланица за службените возила.


„Што се однесува до состојбата во нашиот кантон - Коњиќ, Јабланица и Дрежница се погодени од овие природни непогоди. Во Јабланица воспоставени се патни комуникации од Мостар до Јабланица, до ресторанот Ковачевиќ до Глогошница. Воспоставен е за службени возила за помош , транспорт на храна и така натаму, во Коњиќ.

Лавина од повеќе од 20 метри од каменоломот падна врз селото и срамни се пред себе

Лавина широка 20 и пол метри директно од каменоломот паднала врз куќите во Доња Јабланица.


Огромни парчиња гранит се уште се расфрлани наоколу, а водата од врвот на планината тече меѓу нив, правејќи цврсти потоци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг