Кристина Еплгејт за ракот на дојка: Се тресев кога ми ја кажаа страшната дијагноза

Точка

04/10/2024

18:57

356

Големина на фонт

а а а

Познатата американска глумица Кристина Еплгејт го победи ракот на дојка на 36 години. Таа неодамна откри дека се бори со депресија откако и беше дијагностицирана Мултиплекс Склероза во 2021 година.


Октомври е месец на борбата против ракот на дојката, злобна болест која не штеди и не избира. Многу познати жени се соочија и со овој облик на рак. Некои успеаја да го победат (Кајли Миног, Шерил Кроу, Линда Евангелиста, Ел Мекферсон), додека други, и покрај големите напори и волја за живот, ја загубија битката (Оливија Њутн Џон, Шенен Доерти). Помеѓу победничките е и познатата глумица Кристина Еплгејт. 


Кристина дознала дека има рак на дојка кога била на врвот на кариерата во 2008 година. 

- Беше тешко да се прифати тоа знаење. Се тресев кога ми кажаа. Но, не губев време, веднаш се префрлив на нов начин на живеење и размислување. Еден дел од тој процес беше свртувањето кон поздрава исхрана.


Ракот бил откриен во рана фаза, па шансите за опоравување биле големи. Кристина тогаш имала 36 години. Токму затоа таа често ги охрабрува жените да одат на редовни мамографи дури и пред да наполнат 40 години.

Во процесот на лекување, таа беше подложена на мастектомија. Двете дојки и беа отстранети, иако имаше рак само во едната.

– Понекогаш ми недостигаат големите гради. Но, се навикнувам на животот со нови луѓе - изјавила убавата актерка, позната по специфичната смисла за хумор.


Дека генетиката е еден од факторите на ризик покажува и податокот дека и мајката на Кристина имала рак на дојка. Бидејќи во нејзиниот случај тоа беше откриено во рана фаза, таа успеа да се излечи.

Кристина подоцна се врати на работа,  па можевме за кратко да ја видиме во популарни и наградувани серии, но потоа повторно направи пауза овојпат можеби засекогаш. За жал, по долга битка со ракот, актерката објави сека се наоѓа пред нов здравствен проблем - мултиплекс склероза, што и го отежнува животот, а неодамна дозна дека има 30 лезии на мозокот.

Иако е свесна со каков сериозен непријател води војна, ѕвездата од „Брачни води“ не ги губи духот и енергијата. Таа искрено зборува за сето она низ кое поминува и е инспирација за многумина кои се соочуваат со истите проблеми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг