[ФОТО] "Land Rover" го претстави најмоќниот "Defender" до денес

Точка

06/07/2024

11:05

5.803

Големина на фонт

а а а

"Defender Octa" може да се гледа како одговор на "Land Rover" на најмоќната Г-класа на "Mercedes".

Големата британска „кутија“ наместо сегашната 5.0-литарска V8 опција (525 коњски сили) ја придвижува 4.4-литарскиот V8 мотор на "BMW" поддржан од благ хибриден систем.

Тоа значи дека можете да сметате на 635 „коњи“ и 800 Nm максимален вртежен момент, кој се распределува на двете оски преку осумстепенски автоматски менувач.


Во "Land Rover" имаат направено многу работа на шасијата, системот за управување и адаптивната суспензија која е адаптирана на споменатиот потенцијал на моторот.

Најмоќниот "Defender" досега може да се пофали со минимално надолжно и попречно навалување на каросеријата во динамичен ритам на асфалтни површини, а во тоа помогна и пошироката трага од 22-инчни тркала под продолжените браници зад кои се кријат сопирачките на "Brembo".


Во пространата и обложена со кожа кабина, која се нуди во неколку бои, се издвојуваат дополнително профилираните предни седишта со интегрирани потпирачи за глава, а верзијата "Octa" која се нуди со две нови бои на каросеријата е препознатлива однадвор по црниот покрив и црната петта врата.

"Land Rover" за прв пат ќе го претстави најмоќниот "Defender" пред јавноста на фестивалот на брзина во Гудвуд кој започнува на 11 јули, а за првото издание (Edition One) треба да се издвојат нешто повеќе од 156.000 евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг