[ФОТО] Како најпознатиот пикап стана опасна воена машина

Точка

04/10/2024

07:47

8.468

Големина на фонт

а а а

"Toyota Hilux" е еден од најпознатите и што е најважно, најсигурните пикап камионети на пазарот.

Овој долговечен модел често е мета на некаква модификација, а често сме го виделе во составите на вооружените сили, најчесто бунтовниците и терористичките организации. Сега имаме уште "побесен" римејк.

Доаѓа од Австралија и е потпишан од "Supacat", реномиран производител на воени возила. Моделот на "Toyota" сега стана "MUV" или "Medium Utility Vehicle". Се базира на верзијата со двојна кабина, но е издолжен поради сместувањето на дополнителна опрема.


Поради ова, тој доби голем број на модификации, од кои најочигледна, покрај издолжувањето, е поставувањето на трета оска. Возилото е опремено со погон 6×6, а освен воен има и класична теренска опрема како теренски гуми, дополнително осветлување на покривот или "bull bar". Впечатокот ќе биде комплетиран со шнорхел и дополнителни странични прагови. Овој "MUV" е сè освен лесен, така што при целосно оптоварување масата оди од почетните 3 до дури 6,5 тони.

Под хаубата се наоѓа добро познатиот 2.8 дизел со 204 коњски сили и 500 Nm, но "Supacat" нуди можност за подобрување на карактеристиките на моторот. Како опција се нуди и автоматски менувач.


Како што пренесува "Australian Drive", австралиската армија ја отфрлила воената верзија на "Toyota Land Cruiser" и го избрала "Polaris Dagor". Сега останува да видиме дали редизајнираниот "Hilux" ќе има поголема среќа. Имено, цената, како резултат на користење на комерцијална основа, би можела да биде еден од нејзините најсилни адути.




Спонзорирани линкови

Маркетинг