Домашен здрав сладолед од банана и јогурт: Подготовката никогаш побрза, десерт како создаден за жешките летни денови

Точка

04/07/2024

21:33

31.993

Големина на фонт

а а а

Сладоледот од банана и јогурт е освежителен и здрав десерт кој едноставно можете да го направите дома.

Бананите често се користат за подготовка на здрав сладолед, а со додавање на јогурт, сладоледот станува уште повкусен и похранлив. Задолжително користете многу зрели банани и по можност грчки јогурт.

Постојат два начина за подготовка на овој сладолед. Можете да користите свежи банани, да ги изблендирате сите состојки и да ги оставите во замрзнувач два часа пред да ги послужите. Наместо свежи банани, во овие рецепти можете да користите и замрзнати банани (исечкани на кругови) и сладоледот да го послужите веднаш по блендирањето.


Ако избегнувате млечни производи, можете да користите јогурт од соја или кокос како алтернатива на обичниот јогурт. Можете да користите и јогурт со вкус, но таквите видови јогурт најчесто имаат додадени шеќери и разни адитиви.

Здрав сладолед од јогурт, банана и мед

Овој едноставен рецепт за домашен сладолед од банана и јогурт може да се јаде како десерт или како појадок.

Потребни состојки:

- 3 големи замрзнати банани (исечени на кругови)
- 60 гр. грчки јогурт
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 2 лажици мед

Подготовка: Сите состојки се ставаат во блендер и се блендираат додека не станат мазни како сладолед (околу 2-3 минути). Ако бананите тешко се блендираат, прекинете го блендирањето и со лажица или вилушка измешајте ги во блендерот. Послужете веднаш.



Спонзорирани линкови

Маркетинг